×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците ќе добиваат 7.596 денари месечно

    01.08.2017 10:58 | KumanovoNews

     Владата синоќа го усвои Предлог - Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Закон за стечајци’’, кој предвидува обешететување на вкупно 3.000 стечајни работници.

    Стечајците ќе добиваат 7.596 денари месечно

    Тие ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот.

    Од Здружението за стечајни работници УНИТ од Куманово велат дека се задоволни од одлуката на Владата и очекуваат дека веднаш по одморите законот ќе биде донесен во Собранието и од октомври ќе започне исплатата на надоместокот.

    „Со овој закон ќе бидат опфатени 500-600 стечајни работници од Куманово, бидејќи ние сме и најбројни, или 3000 стечејци на ниво на државата. Тоа ќе значи многу за нашите семејства, кои со години талкаа по улиците борејќи се за своите права, - вели Љиљана Георгиевска, претседателка на УНИТ.

    Со измените на Законот за стечајци се опфаќаат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година.

    Невработено лице може да се стекне со правото доколку ги исполнува следниве услови:

    Лице кое било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци;  потоа лице на кое  му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок и на кое  на денот на влегувањето во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена) односно 55 години (маж);

    За да го оствари правото на надоместок треба на лицето треба работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година;

    Ова право ќе го добие и ако остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.

    Со ова законско решение, според Министерството за труд и социјална политика, се дава можност за материјално обезбедување на поголем број стечајни работници.