×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците политички поделени

    12.05.2010 14:01 | KumanovoNews

     Неколку стечајни работници, членови на управниот одбор на Здружението „УНИТ„ ја обвинуваат Љиљана Георгиевска дека е самопрогласен лидер на стечајците.

    Стечајците политички поделени

    Тие тврдат дека тие се единствени легитимни претставници на Здружението и не се под политичко влијание на ниту една политичка партија за разлика од нивните опоненти кои преку маките на работниците ги реализираат своите политички амбиции.

    Еднаш за секогаш треба да се разобличи политичкиот интерес претставуван од СДСМ, кој стои зад оваа жена, а таа мотивирана од финансиска корист настојува да ја покаже својата слепа послушност кон својот политички ментор. Како единствени и легитимни претставници на стечајците од Куманово и пошироко, чии фирми беа затворени и криминално приватизирани во времето на Црвенковски и Георгиевски, ние се оградуваме и несакаме да бидеме политички инструмент во рацете на кој било партија-велат стечајците.

    Сметаат дека е неприфатливо да се бараат правата на стечајците на начин на кој тоа го прави групата предводена од Георгиевска, туку со преговори во рамките на институциите на системот.  Затоа поднеле барање до Владата од каде очекуваат да започнат преговори за решавање на нивниот статус, согласно законските и финасиските можности на државата.