×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Странци“ ќе ги отворат годинешниве Денови на комедија

    30.09.2019 09:41 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утревечер во 20 часот започнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

    „Странци“ ќе ги отворат годинешниве Денови на комедија

    Во наредните две недели, кумановската публика ќе има можност да види 12 театарски претстави од земјава и странство.

    Манифестацијата ќе ја отвори „Драмскиот театар„ од Скопје, со претставата „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ, работена според Паоло Геновезе.

    „Странци“ е комедија во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, фотографии и разговори на социјалните мрежи, а со тоа ги споделуваат своите лични тајни и создаваат непријатни ситуации. Сите овие случки ќе ги отворат прашањата за тоа кои сме ние всушност, дали сме такви какви што се прикажуваме пред екраните или сме оние ранливите зад екранот. Претстава не запира тука, туку и го отвора прашањето: дали светот стана подобро место по појавата на Викиликс?

    Во претставата играат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

    На „Денови на комедија“ ќе настапат театри од нашата држава, но и театри надвор од нашите граници: „Бегалка“, „Странци“, „Жени пред нервен слом“ „39 чекори“, „Мој термин“, „Одам на лов“, српските претстави „Власт“, „Запознај го мојот татко“ и „Школо за љубовници“, бугарската претстава „Смеј се за збогум“, хрватската претстава „Љубоф“ како и албанската претстава „Доктор Шустер“.

    Овогодинешниот Меѓународен фестивал „Денови на комедија“ ќе биде затворен со претставата „Бегалка“, a поради преголемата заинтересираност за оваа драма закажана е и реприза за истата на 18 октомври во 20 часот.