×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Струмичани криумчареле мигранти, бегајќи од полиција предизвикале сообраќајка во Куманово

    18.05.2020 09:38 | KumanovoNews

     Двајца струмичани предизвикале сообраќајна несреќа на влезот во Куманово, кога се обиделе да побегнат со својот автомобил во кој превезувале мигранти.

    Струмичани криумчареле мигранти, бегајќи од полиција предизвикале сообраќајка во Куманово

    Одделот за гранични работи и миграции, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминали и корупција, поднесе кривична пријава против С.М.(18) од с.Иловица и А.А.(28) од с.Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

    На 16.05.2020 во 10.30 часот, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“ дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, по што на влез во Куманово возачот С.М. предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки.

    Веднаш потоа, пријавените го напуштиле местото, но биле пронајдени во двор на училиште во Куманово. При извршен преглед во патничкото возило биле пронајдени осум лица мигранти од Пакистан.