Штуз со две автобуски линии до Скопје и назад
20.05.2020 11:27
| KumanovoNews
Компанијата Штуз од Куманово започна со меѓуградскиот превоз на релација Куманов-Скопје, но со редицуиран број на автобуси.

„Од нашата компанија пуштени се само две линии, другите се редуцирани. Од Куманово кон Скопје имаме пуштено во 8:45 и 14:45 часот, a враќањето од Скопје кон Куманово ќе биде во 11:45 и 15:45“, велат од Штуз Куманово.
Што се однесува до превозот кон селата, велат дека сѐ уште очекуваат официјални насоки од Владата, за тоа на кој начин би требало да се одвива превозот.