Субвенции за замена на печки на дрва со инвертери во Скопје, Тетово, Битола и Кичево
11.09.2019 11:03
| KumanovoNews
Субвенции од државата ќе добијат граѓаните кои ќе одлучат да го промената начинот на затоплување на своите домови од печки на огревно дрво со инвертор клими.
Со мерката се опфатени само граѓаните на Скопје, Тетово, Кичево и Битола.
Висината на субвенцијата ќе биде целата сума за која е купен инвертерот.
Оваа мерка се носи со цел да се стимулираат граѓаните без трошоци да го сменат начинот на загревање на домовите.
Вкупниот фонд е до четири милиони евра, а парите ќе ги обезбеди државната фирма А.Д. Електрани.
Куманово не е меѓу градовите за субвенционирање на клима уреди, иако градот е еден од најзагадените во државата.
Доколку мерката даде резултат, властите најавуваат проширување на бројот на градови за догодина.

