×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сузбиена организирана криминална група која криумчарела мигранти

    06.10.2020 14:26 | KumanovoNews

    Уапсена е шестчлена криминална група, која што криумчирала мигранти. Тие заедно со грчки колеги им помагале на мигрантите нелегално да ја поминат границата, а потоа  ги носеле во кумановско-липковскиот регион

    Сузбиена организирана криминална група која криумчарела мигранти

    Организатори на криминалната група се Р.В. и неговиот брат Д. В. од Богданци. Мигрантите преку јужната граница,  преминувале на илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Мигрантите биле превземани од страна на членовите на групата В. Д., А.А. и И.М., кои ги прифаќале и со моторни возила ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. Времено ги сместувале и засолнувале во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа ги криумчареле преку Србија кон државите на ЕУ. Најголемиот број од мигрантите биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.

    При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино, а лишени од слобода се четири лица, а еден е на издржување на мерка притвор.

    Од засега извршените претреси пронајдени и привремено одземени се патничко возило, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол, малокалибарска муниција и други предмети.

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против Р.В.(27) за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 1 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, Д.В. (25) за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење намигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, В.Д. (22) од Струмица за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“, по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, А. А.(28) од Струмица за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, (пријавениот издржува мерка „притвор“ од 17.05.2020 во затвор Скопје за кривично дело „Криумчарење на мигранти“), потоа И.М.(27) од Струмица, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 и Д. К. (21) од Гевгелија за „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б вв чл.24 од КЗ на Република Северна Македонија.