×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ: (НЕ)ДОВЕРБА

    01.09.2021 11:27 | KumanovoNews

    Почитувани читатели, полека но сигурно дојдовме до финалето. До крајната цел. До финалната и конечната разврска кога се полагаат сметките. Кога сме соочени и свртени со лицето кон вистината. Кога треба да добиеме од животот она што имаме храброст и одлучност да го побараме.

    СТАВ: (НЕ)ДОВЕРБА

    Доколку еден човек или општеството во целина сакаат да напредуваат, потребни се постојана проактивност и продуктивност, бидејќи постојаната инцијатива води кон прогрес. Со кој и да направиш муабет во комшилук, во маркет, на улица, во кафана или на работа секојпат, се се` сведува на истиот заклучок за луѓето и политичкиот амбиент во ова наше секојдневие. А тоа е дека сме соочени со премногу самобендисани луѓе насекаде околу нас и удирање во гради и демонстрирање сила, дека се „Фактор Х“ и суверени владетели во оваа приказна.

    Едни кои себеси се сметаат за најспособни, господари, кадарни и за се ги бива, а другите ништо не "разбираат" и се со никакви шанси да сменат нешто на подобро. Но тркалото се врти, а надежта за нешто поинакво, поубаво последна умира. Оптимизмот и карактерот се баш секогаш во мода. Полека но сигурно се склопуваат коцките и однапред зацртаниот и замислен мозаик, добива своја форма. Да не биде после не сме знаеле. А можело и многу поинаку. И верувајте ќе биде поинаку!

    Оние потценетите, што немаат никакви шанси, да земат залет, помогнати од чесните граѓани и со свој интелект, професионална кариера, углед, способност и капацитет да финишираат први во трката наречена локални избори. Да понудат програма, визија, решение за горливи повеќе децениски наталожени проблеми од комунална и административна природа. Решение со кое конечно Куманово ќе биде почист град, без улични контејнерски грдосии и кал до колена, град со комотни улици, катни гаражи, град со решен сообраќаен хаос, со широки пространи булевари, со патеки за велосипеди, со паркови и зеленила, почист воздух, со повеќе културни манифестации и фестивали, град со чиста река. А сите сме свесни дека системот ни е во распаѓање, нефункционален, никој повеќе не верува во него... 

    За греота сме! Со смс пораки лекуваме болни, се вакцинираме во соседни држави, пожари ни гасат странци, а ние да сме ти биле спремни да примиме и бегалци. Овој систем единствено подразбира криминал и грабеж, бескрупулозно крчмење на јавните ресурси преку тендери и други јавни набавки. Глумење држава во која владее нераскинливото братство низ кое се испреплетени државните, партиските и личните интереси и што е синоним на корупција и хибриден режим. Држава во која зад превезот на убавите “приказни“ се крие грда опачина.

    Ова вака веќе не оди.... Ова мора да запре....

    Некогаш “башибозукот што треба да не снајде“, едноставно бил во главите само на одредени луѓе, но не било така. Овие таканаречени политичари не оставаат зад себе резултат или политички печат како последица на своето владеење. Туку лавиринт од матни неразјаснети околности во кои се вовлекла нивната нечесна совест и во која е засолнета нивната проблематична етика.

    Во ова “едно општество за сите“ многу нешто не чини и деградирачки и потценувачки е за повеќето од нас. Нема повеќе да чекаме други да ги дефинираат нашите интереси, приоритети, да ги проценат нашата способност и ресурси доволни за постигнување на целите.

    На нас како гласачи е да одлучиме и да ја тргнеме таа веќе досадна, пожолтена слика. Ајде да се сплотиме, обединиме со сите трагикомични детали во триесетгодишната сатира "време за промени", која конечно ќе заврши и исчезне со изреката: дојдов, видов, победив... 

    Куманово се менува, ќе се обновува и гради наново, а ние нема да останеме таму каде што сме биле отсекогаш. 


    Срѓан Ивановски,
    ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово
    Централна правна комисија