Света литија во Куманово посветена на „Свети Никола“
19.12.2021 21:54
| Жаклина Цветковска
Со света литија низ улиците на Куманово денеска беше одбележан големиот верски празник посветен на „Свети Никола“.

Голем број верници и граѓани беа дел од свечената литија и од богослужбата во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше Митрополитот Кумановско- Осоговски , Господин Григориј.
Беа разменети пораки и желби за добро здравје и берикет, за имендените и семејните слави, како и заштита на прочуениот светец.
Свети Никола е заштитник на сиромашните, морепловците, рибарите и децата.
Се смета дека половина од православниот народ го слави „Свети Никола“, а останата половина оди на гости.