„Света Петка„ се слави во Младо Нагоричане
07.08.2012 09:07
| KumanovoNews
Во црквата „Света Петка„ во селото Младо Нагоричане вечерва почнува прослава по повод големиот верски празник.

Ќе има општонароден собир, музика и штандови каде може да се купи се и сешто. Доаѓаат и по 10.000 луѓе од Ранковце, Крива Паланка, од кумановско. Славењето почнува во 20 часот и трае се до раните утрински часови. Прославата е традиционална и се организира петнаесетина години - велат од општина Старо Нагоричане.
Организатори на собирот се општина Старо Нагоричане и месна заедница од село Младо Нагоричане.
На 8 август се празнува Света Петка, маченица од 2 век.