Светосавска академија по повод националниот празник на Србите
25.01.2023 23:23
| Сузана Николиќ
Во Занаетчискиот дом во Куманово утре (четврток) со почеток од 19 часот ќе се одржи свечена академија по повод „Св.Сава“ државниот празник на Србите во Македонија, во организација на Српската заедница во Куманово.

Специјални гости на Светиосавска академија ќе бидат министрите во српската Влада Милош Вучевиќ и Никола Селаковиќ.
Академијата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма, а ќе настапат: Уметничкиот ансамбл "Станислав Бинички", оперскиот пејач Оливер Њего, актери од Народниот тетар од Белград, писателот Драгослав Бокан и КУД "Српски вез".