54 кумановци возеле пребрзо, петмина пијани и четворица без возачка дозвола
29.11.2021 20:14
| Сузана Николиќ
Во текот на викендот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи.

Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се 54 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 5 под дејство на алкохол, 4 управувале возило без возачка дозвола и 7 за непрописно престигнување.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.