СВР Куманово апелира граѓаните да не палат отпадоци, меѓи, стрништа
05.08.2021 20:31
| Сузана Николиќ
По многубројните пожари на подрачјето на Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено земјоделците, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

„Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета. Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни“, соопшти СВР Куманово.