СВР Куманово ги едуцира учениците за опасностите од говор на омраза и врсничко насилство
Отсекот за превенција при СВР Куманово одржа едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на Општина Куманово.

На учениците им беа презентирани основните карактеристики на девијантни и криминогени појави, како што се: говорот на омраза, насилството на спортските натпревари, врсничкото насилство и булингот.Особено внимание при предавањата полициските службеници посветиле на презентација на начините за рано препознавање на овие социо-девијантни појави, како и нивната превенција, пред сѐ, во соработка со полицијата.
Согласно плановите на СВР Куманово, овие едукативни работилници ќе продолжат и во наредниот период во останатите основни училишта.