Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделение за превенција при СВР Куманово ги повикува граѓаните, а особено малолетните лица да се воздржат од употреба на пиротехнички средства-петарди за време Новогодишните и божиќните празници.
При тоа потсетуваат дека не дозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи е кривично дело и се казнува со казна затвор од една до десет години. Исто така неовластено пукање од огнено оружје,употреба на пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запаллив материјал е забранета, а доколку на ваков или на сличен начин се нарушува мирот и безбедноста на граѓаните за прекршокот ќе се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра. Особено апелираме до родителите, старателите, вработените во образовните институции да имат поголема контрола над малолетниците во врска со употребата на пиротехничките средства – петарди, не само поради санкциите,туку пред се поради опасноста по животот на децата, и можноста да повредат некого или да се самоповредат. На родител или старател чие дете, односно штитеник заради занемарено грижење врши прекршоци од Закон за прекршоци ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра- се вели во соопштението на СВР Куманово.
Полицијата ги повикува граѓаните сите употреби на пиротехнички сретства да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.