Танцовото студио “Фјушн“ организира годишен концерт
Во МКЦ “Козјак“ во петок во 19.30 часот, танцовото студио “Фјушн“ ќе одржи годишен концерт.

Со концертот членовите на студиото ќе ја заокружат годината, и ќе ја презентираат својата работа пред публиката.
“ Различните гледишта на танцот и различните начини на истражување, е она што помага да се поместат границите и им дава повеќе простор за напредок на членовите. Ќе бидат прикажани дел од кореографиите кои беа работени во текот на оваа година со различни тематики“- велат од студиото.
Ова танцово студио постои од март 2013 година и брои 70 члена. Билети за концертот можат да се подигнат во просториите на студиото спроти кумановскиот театар.