Татко си го повредил синот со остар предмет по семејна расправија
23.02.2023 12:47
| KumanovoNews
Шеесет и петгодишен кумановец е приведен во полицијата затоа што си го повредил синот по семејна расправија.

„Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.50 часот го лишиле од слобода 65-годишен кумановец. Тој се сомничи дека по раправија во семејниот дом, со остар предмет му нанел повреди на неговиот 47-годишен син“, соопшти СВР Куманово.
Осомничениот е задржан во полициска станица и по целосно докумнтирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.