Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 34-издание на Фестивалот за малите театарски форми во Враца, Република Бугарија, Театар Куманово освои награда за колективно уметничко остварување за претставата Драма изгубена во времето.
Жирито составено од истакнати театарски критичари и експерти: Калина Стефанова, Аве Иванова и Владимир Петков одлучи наградата за комплетно уметничко достигнување за претставата да ја додели на Театар Куманово.
Одлуката жирито ја образложи со фактот што претставата како целина достинала одлична комуникација со тамошната публика и совршена драматуршка вклопеност на целокупното дејство.
Текстот е на Сашко Насев во режија на Владлен Александров.
Во претставата играат: Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката Александра Пешевска.
Драматургијата е на Симона Тоскиќ, сценографија Крсто Богојевски и костими Кети Пауновска Стевковска.
Продукцијата на видео филм е на Никола Поповски, а визуелизација Емил Пачковски.
На Фестивалот имаше четиринаесет претстави кои се играа изминативе седум дена на две сцени во Театарот во Враца.
Воедно Фестивалот е најстариот театарски Фестивал во Бугарија.