×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Театар од Плевен гостува во Центарот за култура во Куманово

    30.05.2023 08:41 | Оливера Пешевска

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре вечер гостува Драмско-куклениот тетар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија,  со претставата „Еден човек и една жена“.

    Театар од Плевен гостува во Центарот за култура во Куманово

    Се работи за дуо драма по текст на рускиот драмски и книжевен писател Валентин Красногоров,а во режија на Анастас Попдимитров.

    ,,Еден маж и една жена“ е комедија за двајца луѓе кои ја бараат среќата и смислата на животот преку нивните заеднички задоволства. Два карактери кои постојано се во потрага по нови возбудливи нешта.

    Актери во претставата се: Мариета Калапова и Георги Ангелов, сценографијата и костимите на Марија Диманова.

    За време на гостувањето во Куманово, директорот, Сашо Тодоровски заедно со директорот на театарот од Плевен, Димитар Кабаков ќе потпишат меморандум за соработка помеѓу двете институции - Театар Куманово и Театар Плевен.

    „Приоритет ќе имаат заедничките соработки, проекти, гостувања и можност за размена на актери кои би гостувале во заеднички претстави. Предвидено е и возвратно гостување на Театар Куманово во Плевен кон крајот на оваа или почетокот на идната година“, вели Тодоровски.

    Претставата почнува во 20:00 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани со подигнување на билет на билетара во Центар за култура Куманово.