×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Театарска фотографија на Душан Доцевски

    28.09.2010 07:56 | KumanovoNews

    Во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“,  во четврток  во 20 часот ќе биде отворена изложбата на театарска фотографија од авторот Душан Доцевски.

    Театарска фотографија на Душан Доцевски

     Изложбата се организира како најава и составен дел на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија 2010“ кој ќе се одржи од 5 до 14 октомври.

    Доцевски е роден во Куманово 1958 година. Почетоците во фотографијата ги прави во 1980 година. Членуваше во Фото-Кино клубот Козјак од Куманово од 1983 кога и започнува со излагачки активности, а повеќе години помага во едуцирање на млади кадри на полето на фотографската уметност, во моментот ја раководи фотографската секција “ФотоАРТ – Ф7“ при НУ Центар за култура – Куманово. Го одржува нивото кое го имаше од првите денови, па се до денес.

    Член е на Фото Сојуз на Македонија, единствена асоцијација од полето на фотографската уметност во Македонија. Предавач е на Летните фото школи: Врановци 2000 и Самоков 2001 година.Носител е на титула“ Фотограф I - ва класа“ од 1997 година на Фото Сојуз на Македонија. Досега имал повеќе самостојни и групни изложби, а добитник е на повеќе награди и признанија.