×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Техничкото училиште „Наце Буѓони“ слави патронат и 60-годишен јубилеј

    13.10.2020 10:02 | KumanovoNews

    Техничкото училиште „Наце Буѓони“ од Куманово денеска одбележува голем јубилеј, шеесет години постоење и успешно функционирање во образовниот систем во државата.

    Техничкото училиште „Наце Буѓони“ слави патронат и 60-годишен јубилеј

     Директорот на училиштето  Драган Јаневски, вели дека денеска во услови на пандемија кога се соочени со нови предизвици би посакал како и во минатото, наместо нив да зборуваат големиот број награди на општинските, регионалните и државните натпревари во повеќе образовни области, успесите и постигнувањата на нивните ученици.

    - Нека продолжи меѓусебната поддршка на наставниците и учениците. Нека се поттикнува творечкиот дух, креативноста, иновативноста но пред се почитувањето на себе и на другите. И во иднина да ја сочуваме изградената доверба, безбедната средина и нека секој ученик има можност да ги промовира своите вредности и потреби. Да продолжиме да воспитуваме ученици подготвени да се справат со животните предизвици и да станат одговорни граѓани на оваа наше мултикултурно општество. Чест е да се биде дел од историјата на оваа училиштено и обвска да се продолжи постојано да се гради и создаваат стручни кадри кои се подготвени да одговорат на современите барања на едно современо општество. Честит празник училиште наше!, - рече Јаневски.

    Техничкото училиште „Наце Буѓони“ своите почетоци ги бележи во далечната 1960 година кога Народниот одбор на Кумановската околија донела решение за основање на Училишен центар за стручно образование во металската насока,познат како Метален центар „Наце Буѓони“.

    Започнало со работа на 1 септември 1960 година со само две паралелки и 89 ученика. Едната паралелка е машински техничар со 43 ученика, а втората е индустриски работник со 46 ученика. Првата генерација матуранти завршуваат во учебната 1963/64 година, од која произлегле високо образувани кадри, кои секој на свој начин дал придонес за градот. Денеска „Наце Буѓони“ прераснува во училиште со вкупно 73 паралелки, од кои 35 со настава на македонски јазик и 38 со настава на албански јазик.

    По повод празникот вработените положија цвеќе и оддадоа почит пред бистата на патронот Наце Буѓони во дворот на училиштето.