×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Телефонот на мртовецот“ претстава за животот и смртта, во Кумановскиот театар

    10.02.2020 11:47 | KumanovoNews

    Преставата „Телефонот на мртовецот“ во саботата за прват пат беше изведана пред кумановската публика во Театар Куманово.

    „Телефонот на мртовецот“ претстава за животот и смртта, во Кумановскиот театар

    „Телефонот на мртовецот“ е работена според драмскиот текст на Сара Рул, а е во режија на Александар Ивановски.

     - Драмскиот текст „Телефонот на мртовецот“ ни претставува еден свет во кој што дискретниот хуманизам се распаѓа, па дури и смртта ја има изгубено својата конечност.  Со тоа сосема се замаглува границата на тоа кој е мртов, а кој е жив; и колку од нив е мртво и колку од нив продолжува да живее - виртуелно или поинаку. Во еден ваков пост- хуман свет, да се биде вистински мртов значи да се умре два пати - во телото и во етерот, - изјавил Ивановски.

    Сашо Тодоровски, директорот на Центар за култура „Трајко Прокопиев“, вели дека станува збор за малку поинаква претстава од вообичаените претстави, со експлицитни сцени, па поради тоа можат да ја гледаат само возрасните.

    - Оваа претстава се подготвуваше подолго време во Театар Куманово. Тоа е камерна претстава, која се играше на малата сцена. Eдна необична, интересна драма, се надеваме дека предизвика посебен интерес кај публиката. Ова е ново истражување за Театар Куманово. Преставата е за возрасни над 18 години, има интересни моменти на сцената: смрт, љубов, поврзаност помеѓу нив, продавање на органи, но да не откриваме многу, нека дојде публиката да ја погледа, - додава Тодоровски.

    Актерскaта екипа е составена од: Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ , Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска и Владанка Димковска.

    Нова претстава ќе се игра во четврток на 13 февруари. Картите се во продажба.

    Сара  Рул е една од најпочитуваните и најизведуваните американски драмски авторки, нејзините текстови се играат низ целиот свет , а два од нив беа финалисти и за наградата Пулицер за најдобра драма.