Тенка снежна обвивка на планините во кумановско
11.12.2014 11:45
| KumanovoNews
Во североисточниот регион нема мерна станица, па не може да се каже колку сантиметри снег наврнало на планините

Тенка снежна обвивка има на планините во кумановскиот и липковскиот крај, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
“На повисоките места веќе падна првиот снег. За во Куманово и Крива Паланка не можеме да кажеме колкава е снежната обивка, бидејќи таму немаме мерни станици, но сепак таа не е голема. За споредба во радовишко има 18 цм снег, во светиниколско Ѓурише 6 цм, во Марово 5 и Крушево 3 цм“ - вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР.
Декември се очекува да биде дождлив и студен месец.