Тепачка пред казино, приведени две лица од Кратово
07.10.2022 11:49
| Жаклина Цветковска
Две лица од Кратово биле приведени во полициска станица, поради физички напад кој се случил пред казино во Куманово.

Од СВР Куманово информираат дека на 06.10.2022 , во 05.00 часот, на улица „Доне Божинов“, од слобода биле лишени И.Д.(42) и А.К.(26), двајцата од Кратово, затоа што пред казиното физички ги нападнале Н.Д.(28) од Куманово, вработен во казиното како обезбедување и С.С.(50), исто така од Куманово.
Напаѓачите се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.