Тепачка во казино во село Петралица
28.03.2022 18:17
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово, синоќа во 21.05 часот било пријавено дека настанала тепачка во казино во село Петралица, општина Ранковце.

„Притоа, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.М.(20), А.М.(29), Д.П.(28), тројцата од с.Ранковце и Д.Ц.(26) од с.Гиновце“, соопштува МВР.
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.