Тепачка во угостителски објект на „Октомвриска револуција“
08.12.2019 16:47
| KumanovoNews
Две лице се степале во угостителски објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.

Според СВР Куманово, вчера во 22.55 часот, кај нив било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата М.И.(41) и Т.К.(52), двајцата од Куманово.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.