Тешко повреден кумановец откако со возило излетал од патот
29.12.2022 15:17
| Оливера Пешевска
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода, која се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Скопје, во атар на с.Љубодраг, кумановско.

Сообраќајката се случила вчера во 07.30 часот кога патничко возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(45) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.