Тешко повреден мигрант од струен удар додека бил на цистерна од воз
14.03.2020 12:59
| KumanovoNews
На Железничка станица Табановце, вчера во 15.10 часот, на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице - мигрант, кое било качено на цистерната.
Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Во цистерната биле пронајдени и уште 10 лица - мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

