Тешко повреден сопатник при судир на две возила на „Октомвриска“
01.01.2020 12:24
| KumanovoNews
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода на булеврот „Октомвриска револуција“.

Според МВР, околу 00.30 часот на бул.„Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) од Куманово и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од Куманово.
По незгодата, лицата од патничкото возило „ауди“ се пренесени во Општата болница Куманово, каде на сопатникот Б.П. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.