×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тестирањата на сомнителни случаи од корона вирус ќе се вршат и на Инфективнoто одделение во Куманово

    25.02.2020 10:33 | KumanovoNews

    Од Министерството за здравство соопштуваат дека во земјата има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот, а доколку се јави потреба за превенција од истиот, Инфективниот центар во Штип ќе функционира како објект за изолација, а тестирањата на сомнителните случаи ќе се вршат на Инфективните клиники во Скопје и Куманово.

    Тестирањата на сомнителни случаи од корона вирус ќе се вршат и на Инфективнoто одделение во Куманово

    Поради проширувањето на корона вирусот во Ломбардија, Венето и Емилија Ромања во Италија, министерот за здравство Венко Филипче одржал состанок со Комисијата на заразни болести, на која било констатирано дека степенот на подготвеност се подига на повисоко ниво

    Сите патници кои на граничните премини во Македонија ќе доаѓаат од ризични дестинации каде има заболени од корона вирусот, ќе поминат низ првиот скрининг на нивната здравствена состојба, а ќе бидат и интервјуирани во посебни простории, велат од Министерството за здравство.

    Исто така, на Скопскиот аеродром се поставува термална камера на локација од која ќе се следат сите патници, а пак на аеродромот во Охрид со бесконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците.

    Министерството за здравство апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита:

    • Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
    • Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање сирова храна и да се мијат задолжително рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
    • Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
    • Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
    • Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
    • Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.