×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тито четири пати го посетил Куманово

    04.05.2020 12:04 | KumanovoNews

    Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), Јосип Броз Тито, најмалку четири пати бил во Куманово.

    Тито четири пати го посетил Куманово

    Посетите биле релизирани во периодот од 1957 до 1972 година, на поминување или директно во градот или на значајни спортски капацитети, кои биле гиганти на ниво на некогашната држава.

    Тито првпат дошол во Куманово во 1957 година, на 65-тиот роденден, кога во Македонија престојувал 8 дена.

    „На 3 јуни 1957 година, Тито и сопругата Јованка го посетиле Куманово и Фабриката за заварени цевки „11 Октомври“. Домаќини му биле македонските и кумановски претставници на власта и стопанството. Во 1959 година враќајќи се од три месечна турнеја по Африка, Азија и Грција, на 7 март, Јосип Броз поминал низ Куманово,  на Железничката станица го пречекале повеќе од 50.000 граѓани на Куманово и околните региони. Тито притоа оддржал пригоден говор“, вели Филип Ѓошевски, географичар.

     Претседателот на Југославија во Куманово дошол и во 1961 година на 15 ноември, ги посетил Битола, Ресен и Охрид, а на враќање повторно го  пречекале организираните и воодушевени граѓани на Куманово. Во 1963 година бил во посета на повредените од скопскиот земјотрес во Кумановската болница.

    На 7 ноември 1972 година, Тито допатувал во Куманово по втор пат во посета на Фабриката за заварени цевки „11 Октомври“, при што имал разговори со раководствата на претпријатието и со претставниците на градот. Тогаш ја посетил и Спомен костурницата во Куманово.

    Денеска се навршуваат 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

    Неговиот најголем успех на чело на југословенската власт, беше градењето на братството и единството помеѓу народите.

    Како признание за неговите државнички успеси, на неговиот погреб во мај 1980, присуствуваат бројни високи странски делегации. На погребот присуствуваа над 700 илјади луѓе,  209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот. Погреб ќе  остане запаметен како еден од најголемите, со најголем број политичари и државни делегации во светската историја.

     СФРЈ се распадна во 1990 година како последница на национализмот во тогашните републики, кои подоцна станаа самостојни држави.