×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тодоровска: Успешно се спроведува наставата во училиштата во Куманово

    14.10.2020 17:58 | KumanovoNews

    Успешно се спроведува наставата во основните и средни училишта во Куманово, која во најголем дел се изведува преку Националната платформа за учење од далечина, рече советничката во Советот на Општината и претседателка на Форум на жени на СДСМ во Куманово, Соња Тодоровска.

    Тодоровска: Успешно се спроведува наставата во училиштата во Куманово

             - Слободно можам да кажам дека во нашата Општина наставата успешно се спроведува. Во најголем дел од училиштата во Општина Куманово наставата се изведува преку Националната платформа за учење од далечина.  Еден дел од училиштата кои ги исполнија сите услови и мерки за безбедно одвивање на настава, од Министерството за образование добија согласност и изведуваат на настава со физичко присуство. Над 80% од учениците следат настава од далечина без поголеми потешкотии. За останатиот дел на ученици кои не можат да следат настава на далечина, наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да ја следат нивната работа, - додаде Тодоровска.

    Тодоровска ги повика сите општествно одговорни компании да дадат свој придонес во обезбедувањето на компјутерска опрема,  заради непречно одвивање на образовниот процес во општината и државата. Иако локалната самоуправа во координација со Министерството за образование и наука, како и училиштата работат на надминување на проблемите, сепак при реализација на наставата училиштата се сочуваат со слаби интернет-врски и застарена ИТ опрема, а семејствата со недостиг на ИТ уреди.  

          - Во изминатиот период училиштата од нашата Општина добија донација од определен број на таблети за следење на настава, истите беа поделени на оние ученици на кои и им беа најпотребни, свесни сме дека тоа не е доволно, и затоа оваа прилика ја користам да ги повикам сите општествено одговорни компании кои сметаат дека можат да се приклучат и да дадат своја донација на ИТ опрема, тоа да го направат, - повика Тодоровска.

     Таа додаде дека, сите треба да сме трпеливи, посветено и одговорно да се однесуваме во овие посебни здравствени услови, да го заштитиме здравјето на сите нас, но исто така подеднакво важно и одговорно да се однесуваме кон образовниот процес, кон учениците и максимално да се вложиме во успешно реализирање на наставната програма.

     МОН оценува дека моделот Националната платформа за изведување на настава на далечина е функционален и успешен, а наставниците и учениците се задоволни од тоа како се одвива наставата.