Мени

Товарен воз излета од шините кај Романовце

28.04.2021 08:48 | KumanovoNews

 Товарен воз утринава излета од шините на железничката пруга во близина на кумановското село Романовце. Несреќата се случила околу  9 часот.

Товарен воз излета од шините кај Романовце

Од СВР Куманово за Кумановоњуз ја потврдија несреќата во Романовце. Нивни екипи вршат увид на лице место и најавија повеќе информации во текот на денот.

Железничкиот сообраќај е во прекин поради несреќата.

(Фото: архива)