Трета фаза од терестичкo прскање против комарци во Куманово
30.07.2020 08:26
| KumanovoNews
Општина Куманово утре (петок) ќе изврши трета терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.

„Третирањето на комарци треба да биде изведено во 1 часот по полноќ доколку дозволуваат временските услови.Ако временските услови се непогодни за вршење на деинсекција, тогаш истата ќе се спроведе утрeдента или во некој од наредните денови “, - соопштуваат од Општина Куманово.