×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трети места за Илина Арсовска и Ева Димитриевска на државен натпревар по информатика

    28.03.2024 10:13 | Теодора Стоевска

    Илина Арсовска од клас I2 и Ева Димитриевска од клас IV1, ученички во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, освоија трета награда на државниот натпревар по информатика, кој викендов се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

    Трети места за Илина Арсовска и Ева Димитриевска на државен натпревар по информатика

    Матурантката Димитриевска доби и стипендија за Финки.

    „Голема чест е да се добие стипендија од ФИНКИ, тоа за нас значи дека е препознаен квалитетот, знаењето и интересот на Ева за информатичките науки. Не знам дали ќе ја искористиме, но во секој случај нејзиното образование ќе продолжи во правец на софтверско инженерство, ја интересираат најновите постигнувања во таа област- автоматика, роботика, вештачка интелегенција. Оставаме самата да одлучи каде ќе го продолжи школувањето по матурирањето“, изјави нејзиниот татко Костадин Димитриевски.

    Ева Димитриевска во последниве 5 години постојано освојува по некоја награда на натпреварите по математика и информатика на кои учествувала, а во деветото одделение учествувала и на Европско првенство. Во Гимназијата „Гоце Делчев“ е под менторство на Славица Грујоска Митиќ, а последната четвртта година на подготовки работи со професорката Јасмина Денковска.

    Илина Арсовска, пак ,продолжува со успешни настапи и во средното училиште, откако до лани остваруваше низа успешни настапи за „Кочо Рацин“

    На регионалниот натпревар по информатика пофалници освоија и Ѓорѓи Златановски од клас II2 и Никола Бошковски од клас III1 под менторство на професорката Славица Грујоска Митиќ, додека на државниот пофалница освои и Матеј Бојковски од клас IV1 под менторство на професорката Јасмина Денковска.