Трето терестично прскање против комарци во Куманово
15.07.2022 13:47
| Сузана Николиќ
Третата фаза од терестичната дезинсекција на подрачјето на Општина Куманово против возрасни форми на комарци ќе се изврши во понеделник (18.07). Таканаречената терестична или дезинсекција од земја ќе почне на полноќ.

„Неопходно е пчеларите да преземат конкретни чекори за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни“, ги известува граѓаните Општина Куманово.