Мени

Трговските центри да се отворат неделава, угостителските објекти наредната, препорача Комисијата за заразни болести

12.05.2020 11:24 | KumanovoNews

 Комисијата за заразни болести препорача оваа недела да се отворат трговските центри и да се стават во функција центри за едукација и обука, семинари за возрасни, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, обложувалници преку шалтер, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Трговските центри да се отворат неделава, угостителските објекти наредната, препорача Комисијата за заразни болести

„После следењето на епидемиолошката состојба овие сите економски оператори следната недела во предвид е да се препорача отворање на угостителските објекти со послужување и повторно после епидемиолошката анализа, следната недела после таа, игрите на среќа, казината, теретаните и фитнес клубовите ќе бидат отворени“, - изјави Филипче.

Постепено го враќаме животот во нормала, работните процеси, стопанството, со одредени протоколи за функционирање, почитување на мерките за заштита, задолжителното носење на маска.