Три лица повредени при судир на југо и тојота
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на крстосница на регионален пат Куманово - Свети Николе, на влезот во Куманово.

Сообраќајката се случила вчера во 10.25 часот помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(57), двајцата од с.Тромеѓа.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.