Три пожари за едно деноноќие во Куманово
08.05.2021 12:54
| KumanovoNews
Противпожарната служба од Куманово вчера интервенцирала на ул. „Србо Томиќ“ каде се запалила семејна куќа од електрична исталација.

Пожарникарите го гаселе пожарот во периодот од 10,30-10,45 часот, со едно противпожарно возило и 5 пожарникари.
Во периодот од 11,00-11,45 часот, службата учествувала со едно возило и 2-ца пожарникари во гаснење на запален отпад кај маркетот Туш ,а 4-ца пожарникари со едно возило интервенирале и при гаснење на запален оџак на ул. „Доне Божинов“, во периодот од 09,20-10,00 часот.