Три привремени вработувања во старскиот дом „Зафир Сајто“
Во Домот за стари лица „Зафир Сајтот“ во Куманово ќе се вработат три лица на определно време.

Советот на Општина Куманово денеска даде одобрение за ангажирање на тројца работници по пат на отстапување преку Агенција за привремени вработување во период од една година.
Потребата за новите привремени вработувања ги образложи Весна Коцевска.
„Се работи за вработување на определено време на една медицинска сестра, неговател на стари лица и сервирка во кујна. Овие три вработувања се неопходни заради пополнување на работните места во време на одмори и боледувања на вработените во текот на годината. Во октомври една медицинска сестра ќе се пензионира, а работниот процес мора да тече“, кажа Коцевска.
Предлог-одлуката беше прифатена со 20 гласа за 4 против и еден воздржан.
Во Домот за стари лица во декември имало 10 вработувања на неопределено време.