×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тркалезна маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“

    08.05.2021 10:37 | KumanovoNews

    Справувањето со неформалната економија и потребата и значењето да се формализираат тие работни места, како за работниците, така и за општеството, се исклучително важни прашања и во нормални услови, а особено важно во услови на сериозна економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата Ковид-19, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на вчерашната тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“

    Тркалезна маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“

     На настанот беше презентирана „Анализата за ефектот од ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените лица, преку предлог мерки за нивна поддршка“,  во организација на Аналитика тинк-тенк, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

    Шахпаска  посочи дека во справувањето со економските последици  предизвикани од  пандемијата, креирањето на  мерки кои ќе ги таргетираат вработените во неформалната економија  е голем предизвик, но сепак  државата, овозможила и тие да бидат опфатени и тоа на повеќе начини.

    „Обезбедена е поддршка преку еднократна парична помош во висина од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија, потоа преку домашната платежна картичка со која беа опфатени 115.927 лица – приматели на социјална помош, невработени евидентирани како активни баратели на работа, млади лица не постари од 29 години, како и над 85 илјади пасивни баратели на работа, “потенцираше министерката Шахпаска.

    Таа истакна дека преземањето на  системски мерки, кои  обезбедуваат  долгорочни решенија, како и  креирање на политики што се во насока на формализирање на неформалната економија, е она на кое што работи Владата.