×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца новозаболени од коронавирус во Куманово, еден во Липковско

    10.06.2020 12:01 | KumanovoNews

    Четири нови случаи од вирусот КОВИД-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Тројца новозаболени од коронавирус во Куманово, еден во Липковско

    „Имаме тројца новозаболени од Куманово, додека 1 случај од Општина Липково, поточно од селото Матејче. Направени се 20 тестирања во последните 24 часа, но ќе се зголемат тестирањата во наредните денови“, кажа Ариф Љатифи, директорот на Центарот за јавно здравје.

    Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на КОВИД-19 во земјава. По градови:

    - Скопје 89

    - Куманово 4

    - Штип 2

    - Прилеп 2

    - Тетово 11

    - Струга 3

    - Велес 1

    - Охрид 8

    - Гостивар 1

    - Струмица 2

    - Кичево 1

    - Ресен 1

    На Скопските клиники починале 7 лица.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

    - Скопје 1

    - Прилеп 1

    - Велес 4

    Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на КОВИД-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.