Тројца патници повредени во сообраќајна незгода
01.09.2023 13:28
| KumanovoNews
Тројца патници се здобиле со повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атарот на село Ругинце, кумановско.

Патничко моторно возило „цитроен“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 38-годишната И.Ј. од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот, информираат од МВР.
По несреќата, И.Ј, како и сопатниците Б.Ј. и И.Ј. биле пренесени во Општата болница Куманово, каде им се констатирани повреди.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Куманово.