Мени

Тројца повредени при судир на автомобил и камион кај патарината Романовце

10.11.2024 11:38 | KumanovoNews

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, во близина на наплатна станица „Романовце“.

Тројца повредени при судир на автомобил и камион кај патарината Романовце

Сообраќајката се случила синоќа во 21.30 часот помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(47) од Куманово и товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (60) од Куманово. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И. од возилото „шкода“, а со телесни повреди се здобиле возачот А.И и уште еден сопатник Ј.И. од истото возило, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.