Тројца заразени од коронавирус во Домот за стари лица во Куманово
Две вработени е едно повозрасно лице сместено во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, се заразени со коронавирус. Информацијата на Фејсбук ја споделија од установата.

- Денеска ја примивме веста дека две наши колешки се позитивни на коронавирус. Истите се во изолација од 07.04. 2020 година откако беа тестирани со дел од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во Кумановската болница заради неодложни здравствени проблеми, по што е сместена во соба за изолација во домот. Други заразени помеѓу вработените, ниту пак кај корисниците нема, - соопштуваат од домот.
Од таму додаваат дека од почетокот на кризата со вирусот ги имаат превземено сите неопходни мерки за превенција и се користи комплетна заштитна опрема.