Тројца здравствени работници позитивни на коронавирус
06.04.2020 10:29
| KumanovoNews
Тројца здравствени работници од Куманово позитивни се на коронавирус.

Според директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово Ариф Љатифи, станува збор за една медицинска сестра и двајца техничари, на кои резултатите им стигнале вчера.
Во Куманово беа заболени 15 здравствени работници, четворица доктори и останатите се медицински сестри и техничари. Сега вкупниот број е 18 позитивни на коронавирус.