Трошењето на општинските пари го објавуваме во финансиските извештаи, одговори Дамјановски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ
Трошењето на парите од буџетот на Општината Куманово го објавуваме во финансиски извештаи и преку проектите што постојано ги реализираме, одговори градоначалникот Зоран Дамјановски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека не дава отчет каде се трошат парите на граѓаните и кои проекти се реализирани во изминатите години.

„Имаме развојна програма која ја објавуваме, имаме финансиски извештај на секое тромесечје, половина година, годишни извештаи каде се јасно дефинирани сите потрошени пари на граѓаните. Кога зборуваме за развојната програма, реконструкција и изградба на патна инфраструктура, за изградба на канализациона мрежа, за изградба на спортски терени, за реконструкција на училишта, изградба на водоводна мрежа. Локалната самоуправа направи низа проекти, минатата, оваа година, мислам дека направивме големо поместување во патната и канализацоната инфраструктура, - изјави Дамјановски.