×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Тумба фест“ по осми пат во Куманово

    22.09.2020 11:37 | KumanovoNews

    На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 20 часот, ќе се одржи осмото издание на Меѓународниот фестивал на шегобијана песна „Тумба фест“.

    „Тумба фест“ по осми пат во Куманово

    На фестивалот ќе бидат испеани 22 песни, а ќе настапат познати пејачки имиња од македонската естрада и гости од Босна и Херцеговина и Бугарија.  

    Организаторот Драган Митевски од Здружението за културно наследство „Етно ризница“, вели дека и оваа година ќе се испочитува основното начело на фестивалот да се продолжи традицијата и да се сочува кумановски дијалект и мудроста на нашите предци пренесена преку хуморот.

    - Тоа не` прави единствени не само на Балканот, туку и пошироко. Ова е уникатен фестивал во светот што се организира на дијалект на еден народ, - вели Митевски.

    Меѓу изведувачите се: Благица Павловска, Марјан Коцев, Душко Ѓорѓиески, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, кумановските пејачи Нино Величковски, Лидија Спасовска, Челик Бенд, Огнени Момчиња, диџеј Крмак, Рени и др.

    На фестивалот ќе се додели награда за најслушана песна, а оваа година ќе ја добие Челик бенд за песната „Кумановке фраерке“.  

    Фестивалот ќе се пренесува во живо на повеќе локални и регионални телевизии, МТВ ќе го емитува одложено.

    Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Куманово.