×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Твоја партија ја претстави изборната програма во Куманово

    10.07.2020 11:04 | KumanovoNews

    Кандидатите за пратеници во Изборната единица 2, Трпе Стојановски и Емилија Кукуњавска од новоформираната пратија Твоја, денеска во Куманово ја претставија својата програма „Можеме поинаку, мораме одговорно“, со која на 15 јули ја бараат поддршката на граѓаните.

    Твоја партија ја претстави изборната програма во Куманово

    Кандидатот за пратеник Стојановски, ги презентираше петте клучни принципи на кои тие се фокусирани во овие парламентарни избори: oдговорност за секого,  ревитализација на животната средина, образование како инвестиција и професионализација наместо партизација и квалитет на живеење.

    „Активностите на Твоја партија поврзани со парламентарните избори се фокусирани на пет клучни принципи. Одговорност за секого, каде што предвидуваме казенна одговорност којашто треба да биде соодветна на висината на фукнциите коишто ја извршуваат функционерите коии ќе го прекршат законот, во таа смисла  ќе биде во скратување на сите привилегии на сите државни функции коишто не се директно поврани со извршување на функцијата. Тоа подразбира и иницијатива за скратување на бројот на пратеници, и секако за концентрација и скратување на на бројот на општини. Вториот принцип се темели на потреба на ревитализација на животната средина, којашто е девастирана, во таа смисла партијата се залага за сериозно инвестирање и изнаоѓање на луѓе коишто знаат како животната средина ќе се ревитализира и ќе стане сериозно место за живеење од аспект на квалитетн воздух и квалитет начин на живеење. Во таа смисла ригорозно се залагаме за спроведување  на казнена политика и средствата од остварените казни да се реинвестираат во јакнење на превенцијата за животната средина, Следниот столб се однесува на образованието како инвестиција а не како трошење на пари, особено промена на состојбите во основното образование, средното и високото образование и издвојување средства за истражувачки потреби. Четвртиот принцип е професионализација наместо партизација. Сериозно ивестирање во систем кој ќе обезбеди развој врз основа на знаењње, значи концептот на напредување во кариерата врз основа на објективни критериуми и скратување на сите партиски активности кои значат формирање на вработување по основ на партиски потреби. Нашето залагање е да ги идектификуваме експерртите од сите партии и тие да учестуваат  во развојот на државата. Значи државата на прво место, а не партијата. Последниот, но не и по важност принцип е квалитетот на живеење. Граѓаните на Република Македонија имаат право на квалитетно живеење каде што ќе се скратат сите одвишни административни чекори и ќе се обезбеди преку постаки граѓанинот да биде во фокусот на интерес и да може да ги остварува своите потреби на ефективен начин“, рече Трпе Стојановски, кандидат за пратеник во Изборната единица 2.

    Кукуњавска потсети дека тие ќе се залагаат за искоренување на партиското вработување во образованието, ставајќи акцент на професионалноста и квалитетот, а не на реформи кои не носат никакви резултати и вработуваат партиски кадри.

    „Од осамостојување на Македонија сме сведоци дека во образование се направија многу реформи, кои не донесоа никакви резултати, туку само направија фрустрации и кај ученици и кај наставнци, па дури и кај родителите. Од една страна тоа се должи затоа што се форсира квантитет наместо квалитет во образование, премногу часови премногу наставни единици, програма којашто не е прилагодена на ученици и неприлагодени учебници. Од друга страна за неквалитетот во образованието се должи и партиското вработување, сведоци сме дека денеска и последните 10-15 години во Куманово не може да се дојде на работно место наставник ако се нема партиска книшка. Не викам дека тие што се вработени со партиска книшка дека не се квалитетен кадар, меѓутоа ние би го искорениле тоа и пред се` би ставиле акцент на професионализација. Во Твоја партија имаме едно убаво мото кое вели „Ние не сме со сите, ние сме од Твоја“,- додаде кандидатот за пратеник од партијата Твоја.

    Таа упати апел до сите оние коишто мислат дека не се со сите, туку се свои, да излезат на 15-ти јули, да им дадат подршка и да го заокружат бројот 15.