Уапсен 25-годишен кумановец осмничен за кражба во семејна куќа
28.10.2021 13:51
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 20.09.2021 од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети.

Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот.
Е.Р бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.